Гасот ќе ги намали сметките за 20 отсто

Bez autora
Oct 21 2013

Со воведување на гасот како енергент, кој би се користел за затоплување, но и за добивање санитарна топла вода, трошоците на потрошувачите, како на станарите, така и на индустриските капацитети, ќе се намалат за 20 отсто. Во главниот град гасификацијата би можела да се заврши за четири години, со тоа што во оние општини што се блиску до главната гасоводна цевка некои делови би можеле да станат корисници на гасот и за две години. Kолку ќе чини изградбата, ќе зависи од тоа дали идниот инвеститор, односно концесионер, ќе ја гради само мрежата или, пак, ќе ја преземе и обврската за обезбедување на приклучоците за да може гасификацијата да добие вистински замав. Ова, како што се дознава, го покажала првичната верзијата на физибилити-студијата за гасификација на населените места во земјава, која веќе била презентирана пред надлежните институции.

Гасот ќе ги намали сметките за 20 отстоСо воведување на гасот како енергент, кој би се користел за затоплување, но и за добивање санитарна топла вода, трошоците на потрошувачите, како на станарите, така и на индустриските капацитети, ќе се намалат за 20 отсто.

Во главниот град гасификацијата би можела да се заврши за четири години, со тоа што во оние општини што се блиску до главната гасоводна цевка некои делови би можеле да станат корисници на гасот и за две години. Kолку ќе чини изградбата, ќе зависи од тоа дали идниот инвеститор, односно концесионер, ќе ја гради само мрежата или, пак, ќе ја преземе и обврската за обезбедување на приклучоците за да може гасификацијата да добие вистински замав. Ова, како што се дознава, го покажала првичната верзијата на физибилити-студијата за гасификација на населените места во земјава, која веќе била презентирана пред надлежните институции. Kонечната верзија, која ја нарача Министерството за транспорт и врски, а ја изработува „Топлификација инженеринг“, треба да биде готова во март, по што ќе може и да се почне со реализација на проектите, кои ќе донесат бенефит како за домаќинствата така и за индустриските капацитети.

Исплатлив проект

Но, за да се дојде до исплатливост, неофицијално се дознава дека предлог во студијата е идниот концесионер да ја преземе обврската да финансира дел од трошоците во обезбедување на приклучокот. Според Законот за енергетиката, приклучок на енергетски капацитет е обврска на корисникот, но во студијата се сугерира тоа да го направи концесионерот зашто само така ќе може да се обезбеди многу повеќе субјекти да се приклучат, а со што ќе се добијат и рентабилност и пониски цени за корисниците. Имено, се смета дека е тешко да се очекува оти во една, на пример, станбена зграда станарите сами ќе се организираат, а згора на тоа неговата набавка ќе биде трошок, кој ќе ги одврати од гасификацијата. Таков е примерот со Струмица, каде што, освен институциите кои се под општината, има слаб интерес за приклучување на мрежата од граѓаните бидејќи тоа чини 500 евра. Од тоа дали ваквиот предлог ќе се прифати ќе зависи и колкава вредност ќе има целата инвестиција. Само изградбата на мрежата, велат упатените, е релативно евтина бидејќи се поставуваат пластични цевки, кои не се скапи.

Во конечната верзија ќе треба да се утврди и како ќе се одвива гасификацијата на Скопје, односно дали тоа ќе биде под надлежност на градот или на општините. Се зборува дека Градот смета оти тоа треба да биде „градски“ проект, но со тоа не се согласуваат некои општини, кои веќе ја почнаа постапката за гасификација и сметаат дека тоа треба да биде под локалната самоуправа бидејќи, меѓу другото, на овој начин полесно ќе се најдат инвеститори.

Kапацитети за компримирање

Другите градови во Македонија, с` додека не биде изградена главната магистрална траса на идната гасоводна мрежа, ќе можат исто така да користат гас и да градат мрежа, но со користење компримиран гас, како што тоа сега се прави во Струмица. За да може ова да се реализира, се очекува дека ќе бидат отворени и капацитети за компримирање така што општините што ќе најдат инвеститори ќе може гасификацијата да ја реализираат на овој начин, а оние во чија близина ќе минува идната главна траса, потоа ќе може да се префрлат и на обичен начин за користење на гасот.

Гасификацијата се очекува да биде поисплатлива за колективните згради поради цената на трошоците на приклучок. Станарите, пак, самите ќе можат да одлучуваат дали ќе го користат гасот за греење или ќе останат корисници на парното. Освен затоплување, корисниците ќе добијат и можност да користат топла вода и во бојлерите, но и во машините за перење, со што ќе се прават големи заштеди и на електрична енергија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik